Connect with us

Тенис

Дејвис куп: Кипар поведе со 2:0 во дуелот со македонската репрезентација

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0.

Стефан Мицов загуби од Фотос Фотиадес со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Во првиот сет Мицов прв дојде до брејк и водство од 2:1 во гемови, но потоа следуваше пресврт и противникот поведе со 5:2, а сетот заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот беше убедлив и сетот го доби без загубен гем.

Претходно во првиот меч Мелиос Ефстатиу го совлада Амар Хусеиновиќ со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0).

Утре прво се игра мечот во конкуренција на двојки, а потоа двата сингл меча. Почетокот на првиот меч е во 10 часот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4