Connect with us

Скопје

Времен режим на сообраќај на улицата „Лазар Трпевски“ во општина Чаир

Поради изведување градежни активности од понеделни, 9 февруари се воведува едногодишен времен сообраќаен режим на улицата „Лазар Трпевски“, по старо улица „Ферид Мурат“, во општина Чаир. 

-Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4 од 2 февруари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 9 февруари 2026 година ГД „Гранит“ АД Скопје ќе започне со градежни активности кои се однесуваат на изградба на улица „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), Општина Чаир во Скопје. Времениот режим ќе се одвива во период од 9 февруари 2026 година до 2 февруари 2027 година, соопшти ГД „Гранит“ АД Скопје.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4