Connect with us

Сервисни информации

Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за јануари 2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2026 година.

Kорисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство.

Оние корисници што не користат картички од денеска ќе може да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2