Connect with us

Општини

Се модернизира радиодијагностиката во болницата во Дебар, сите услуги во еден заеднички објект

Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со својата дејност ја покрива и општина Центар Жупа а во итни случаи дава услуги и за жителите од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, но и поблиските албански погранични населени места, продолжува со создавање што подобри услови, а со тоа и квалитетот на услугите.

По реконструкцијата на повеќе одделенија и набавка на нови апарати, сега за првпат целиот сектор за радиодијагностика е сместен во еден објект, кој е целосно реновиран.

-Во еден објект сместени се апаратите за рендген, ехо и мамографија, со што пациентите сега можат да добиваат здравствени услуги на едно место, без да мора да губат време по болничките ходници. Оваа инвестиција има за цел да ги подобри условите и да ја зголеми ефикасноста на услугите со заштеда на време на пациентите, информираше Мерсим Колеци, директор на болницата.

Преку оваа модернизација, болницата во Дебар ја потврдува својата посветеност на обезбедување квалитетни и професионални здравствени услуги, сметајќи го подобрувањето на условите како примарна обврска кон заедницата.

Како што информираше Колеци, продолжуваат со активностите околу реконструкција на други одделенија, што како и претходните зафати, вклучувајќи и набавката на дел од апаратите, се реализираат и со донации на дебрани во САД и западноевропските земји.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3