Connect with us

Политика

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние што сакаат да возат без возачки, а од друга страна, гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна, велат дека секој оној што сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга, гласаа против системот „Безбеден град”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Сведоци бевме дека на протестите на активисти на СДС што работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање полициски службеници и дивееја во градовите за да возат без возачки дозволи. Ваков начин на изразување протест ние не поддржуваме и јавно го осудуваме.

Потсетуваме дека СДС и Филипче гласаа против овој проект во Собранието, а координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој инаку е и ексминистер за внатрешни работи, не направи ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

Во времето на СДС, Филипче и Спасовски не беше имплементиран ниеден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци.

Сега кога конечно се воведува систем што воспоставува ред, одговорност и еднаквост пред законот, Филипче и СДС се против. Од друга страна, пак, Филипче и СДС тврдат дека се против возење без возачка дозвола и без регистрација, а гласаа против проект и механизам што практично го гарантираат токму тоа.

Оваа контрадикторност ни Венко Филипче не може сам да си ја објасни ниту со политички разлики ниту со загриженост за граѓаните.

На СДС и Филипче треба да им биде јасно дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, напротив, тоа е системско решение за заштита на животите на граѓаните.

Секој што е искрено за ред, закон и безбедност треба да го поддржи, а сè друго е политичка калкулација на штета на јавниот интерес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3