Тенис
Ѓорческа со нова победа против Папамихаил од Грција
Македонската тенисерка избори пласман во полуфиналето на ИТФ 50 Порто турнирот откако ја совлада првата носителка Деспина Папамихаил со 2-0 во сетови (7:6(1), 6:3) за 104 минути игра. Утре во полуфиналето противничка ќе и биде седмата носителка Флона Кроули од САД.
Во првиот сет македонската тенисерка имаше постојано водство, а не реализираше и две сет топки во 12.гем. Но, затоа пак покажа психичка стабилност во тајбрејкот откако ривалката поведе со 1:0 следните седум поени ги освои Ѓорческа и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет повторно нашата тенисерка беше таа што имаше водство во сетот, а во деветтиот гем ја искористи првата меч топка.
Ова беше четврта победа за Ѓорческа во петтиот меѓусебен дуел со Папамихаил.
Нејзината утрешна ривалка по голема борба ја совлада Шпанката Релес со 2-1 во сетови (5:7, 6:1, 7:6(6)).
февруари 7, 2026

