Хроника
Агроном од Охрид лишен од слобода, изнесувал марихуана од фабрика за медицински канабис
Шеесет годишно лице од Охрид, вработено како инженер по агрономија во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, е лишено од слобода.
Причина за приведувањето е што при претрес на неговото пристојувалиште во Охрид била пронајдена марихуана што тој како вработен неовластено ја изнел од фабриката каде бил работно ангажиран, со цел користење и натамошна продажба.
Пронајдената марихуана е запленета, а лицето е лишено од слобода.
Против него ќе биде порнесена кривична пријава за основано сомнение дека е сторител на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
февруари 7, 2026

