Connect with us

Општини

Повредено дете на булевар во Куманово

Малолетно лице е повредено откако во него удрил автомобил во Куманово, соопшти денеска полицијата.

-Вчера во 19:10 часот во СВР Куманово пријавено e дека на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.В.(23) удрило во седумгодишна малолетничка, соопшти полицијата.

Девојчето е повредено, констатирале лекарите во општа болница Куманово од каде е префрлено во комплекост клиники  „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4