Connect with us

Фудбал

Бензема со хет – трик дебитираше во новиот саудиски клуб

Во натпревар од 20. коло во саудиското фудбалско првенството, Ал Хилал убедливо го совлада Ал Охдуг со 6-0, предводен од своето ново засилување Карим Бензема, кој беше троен стрелец.

Триесетиосумгодишниот Бензема неодамна одби да го продолжи договорот со својот поранешен клуб Ал Итихад и се пресели во Ал Хилал, обележувајќи го своето деби со хет-трик и асистенција.

Францускиот играч ги постигна водечките три гола, во 31, 60 и 64 минута, а потоа му асистираше на Малком во 70 минута за четвртиот гол на гостинскиот тим. Убедливиот настап на Ал Хилал беше заокружен со два гола на Ал Даусари за конечните 6-0.

„Игравме добро. Постигнавме многу голови, а не примивме ниту еден, што во секој случај ми дава мене и на целиот клуб големо задоволство“, изјави по натпреварот Бензема, кој го напушти Реал Мадрид во 2023 година и му се приклучи на Ал Итихад.

Ал Хилал сега е лидер на табелата со 60 бодови, три повеќе од второпласираниот Ал Ахли.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2