Скопје
Акција на општините Кисела Вода и Сопиште за чистење на Теферич
Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на општина Сопиште Јане Мицевски денеска извршија увид на областа Теферич, каде со заеднички ресурси почнува да се работи на расчистување на теренот.
– На барање на жителите, ангажиравме багери и скипови за отстранување на депониите со шут и отпад, додека екипите со тримери ги уредуваат обраснатите јавни површини. Во акцијата се вклучени 40 работници кои активно работат на расчистување на насобраниот отпад. Ова е дел од пошироката генерална акција која веќе една недела ја спроведуваме во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ низ населбите и населените места во општина Кисела Вода, се вели во објавата на Стаменкоска Трајкоска на Фејсбук.

Преку ваквите акции, како што наведува, се стремиме да ја подобриме хигиената и да ја уредиме животната средина во која сите живееме.
– Продолжуваме со работа на терен, во интерес на граѓаните на Кисела Вода. Чистата општина е заедничка одговорност!, стои во објавата на Фејсбук.
февруари 6, 2026

