Connect with us

Хроника

Сто и една санкција за непрописно вградени фолии во возила во јануари

Сто и една санкција била изречена за непрописно вградени фолии во автомобили, во првиот месец од годинава, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од 1 до 31 јануари, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци- пишува во соопштението на МВР.

Се додава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3