Фудбал
Фудбалскиот турнир на ЛОИ 2028 во седум американски градови
Фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри чиј домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе се одржи во седум градови во САД, објави денеска прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет.
Местата за одржување на фудбалските натпревари се движат од стадионот на Њујорк Сити, кој е во изградба и треба да биде завршен во 2027 година, до постојните стадиони во МЛС лигата во Охајо, Тенеси, Мисури и Северна Калифорнија.
Натпреварите од завршната фаза, вклучувајќи ги и дуелите за златните медали во машка и женска конкуренција, ќе се играат на „Роуз Боул“ во Пасадена.
Машкото финале е закажано за 28 јули 2028 година, а женското ќе се игра на 29 јули 2028 година.
февруари 4, 2026

