Останати спортови
Ф1: Џек Духан резервен возач на Хаас во новата сезона
Австралиецот Џек Духан ќе биде резервен возач за тимот Хаас оваа сезона, објави денеска американскиот тим во Формула 1.
Минатата сезона, 23-годишниот Духан настапи на шест трки од Формула 1 за тимот Алпин во кои не освои бод, а беше заменет од Аргентинецот Франко Колапинто. Австралијанецот до крајот на сезоната ја имаше улогата на резервен возач во Алпин.
„Тимот Хаас е идеално место за да ја продолжам мојата кариера во Формула 1“, изјави Џек Духан, кој е син на Мик Духан, петкратниот светски шампион во мотоциклизам во елитната класа од 500 кубни сантиметри во 90-те години од минатиот век.
февруари 4, 2026

