Connect with us

Фудбал

Арсенал прв финалист во Лига купот на Англија

Арсенал е првиот финалист во Лига Купот на Англија.

„Топчиите“ синоќа го победија Челзи со 1:0 дома во реваншот од полуфиналето на ова натпреварување.

Поранешниот фудбалер на Челзи, Каи Хаверц, го постигна единствениот гол во 90+7 минута.

Првиот натпревар заврши исто така со победа на Арсенал (3:2). Така, тимот предводен од тренерот Микел Артета се пласираше во финалето.

Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрување на реваншот меѓу Манчестер сити и Њукасл. Првиот натпревар заврши со победа од 2:0 за „Граѓаните“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1