Connect with us

Свет

Трамп објави двегодишно затворање на Центарот „Кенеди“ поради реновирање

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави планови за привремено затворање на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон поради големи реновирања, два месеца по контроверзното додавање на своето име на културната знаменитост.

Трамп на својата платформа „Тру соушал“ изјави дека Центарот „Трамп Кенеди“ ќе се затвори во јули за речиси две години. Тој рече дека реновирањата ќе го трансформираат центарот во „бастион од светска класа на уметност, музика и забава“.

Американската администрација постојано забележува дека комплексот на Центарот „Кенеди“, кој се наоѓа на реката Потомак, има потреба од поправки и модернизација.

Центарот „Кенеди“ е домаќин на претстави од театарски танц и музика и е именуван по поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди (1917 – 1963). Името на Трамп беше официјално додадено во декември предизвикувајќи протести и откажувања од неколку изведувачи и групи.

Набргу по преземањето на функцијата, Трамп отпушти неколку членови на одборот на Центарот, го презеде неговото раководство и го назначи поранешниот амбасадор на САД во Германија, Ричард Гренел, за претседател. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1