Connect with us

Економија

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %, објави Државниот завод за статистика.

Во декември лани, пак, споредено со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2.8 %.

Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 %.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1