Connect with us

Свет

ЕУ се подготвува за отворање центар за хибридни закани

Европската комисија забрзано работи на дооформување на центарот за хибридни закани, кој би требало официјално да биде отворен на 24 февруари на маргините на Советот за општи работи на ЕУ.

Центарот, кој е дел од иницијативата „Европски штит за демократијата“, е замислен како тело на ЕУ за борба против хибридните онлајн-закани и мешањето во изборните процеси од страна на земји како Русија.

Предвидено е во активностите на центарот да биде вклучена целата Европска комисија, а неговото седиште да биде во Генералниот директорат за комуникации на ЕК (ДГ ЦОММ).

За подобрување на координацијата во борбата против дезинформациите, центарот тесно ќе соработува со одделите за правда, дигитална политика и надворешна политика на ЕУ, вклучително и со Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4