Connect with us

Останати спортови

Бузалковски со нов европски медал во брзинскиот моторциклизам

Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски, ја продолжи низата на врвни меѓународни успеси, освојувајќи втор бронзен медал на престижниот ФИМ Европски шампионат во брзински мотоциклизам.

– Изминатата година конкуренцијата беше на значително повисоко ниво, па борбата за првите три места беше исклучително неизвесна и се одлучуваше во стотинки. Затоа сум многу среќен што повторно медалот и пехарот доаѓаат во нашата земја, како доказ дека трудот секогаш се исплати. Пред мене е тешка мисија да го подобрам овој успех во сезоната 2026, но како и досега, секогаш се стремам кон уште подобри резултати, изјави Бузалковски.

Сезоната 2025 се вбројува меѓу најуспешните во неговата кариера, но и во историјата на македонскиот мотоциклизам. Со повторување на резултатот од 2023 година, учество и успешно завршување на ФИМ Светскиот ендуранс шампионат на легендарната патека Ле Ман, како и освојување на вицешампионската титула во БМУ Европскиот шампионат во професионалната класа СТК1000, со пет победи од осум настапи, тој уште еднаш докажа дека епитетот најуспешен македонски мотоциклист е целосно заслужен.

Бузалковски и неговиот тим со оптимизам и високи амбиции ја започнуваат новата сезона, со желба 2026 година да биде уште една успешна и победничка.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1