Останати спортови
Прва слаломска победа на Фелер во Кицбил
Австриецот Мануел Фелер славеше денеска пред своите навивачи на слаломската трка во Кицбил во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.
Фелер, кој беше четврти по првото возење, на крајот победи со 35 стотинки предност пред водечкиот по првата трка Швајцарецот Лоик Мејард.
Третото место го освои Германецот Линус Штрасер, заостанувајќи 53 стотинки зад Фелер, кој прв пат во кариерата победи на слаломска трка во Кицбил.
Во поредокот во слалом, води Пињеиро Братен со 401 бодови, пред Ноел Клемент (375) и Атле Ли Мекграт (372).
Во генералниот пласман, Швајцарецот Марко Одермат е прв со 1285 бодови, пред Пињеиро Братен (668) и Мејард (583).
јануари 25, 2026


