Connect with us

Хроника

Едно лице загина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи низ државата

Едно лице загина, а две се тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите два дена на подрачјата на Скопје, Кочани и Гостивар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје на крстосницата меѓу булевар „Александар Македонски“, улицата „16 Македонска Бригада“ и улицата „Интернационални Бригади“ утрово околу 04:10 часот, патнички автомобил „Форд“ со скопски регистарски таблички излетал од коловозот.

Возилото го управувал Б.С. (45) од Скопје, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

На улицата „Маршал Тито“ во Кочани патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П. (34) од с. Чешиново, вчера во 15:43 часот излетало од коловозот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани, по што бил пренесен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Истот ден, во 15:15 часот, на регионалниот пат Маврово – Дебар, во близина на Ростушки мост, патнички автомобил „Фолксваген Туран“ со албански национални ознаки излетал од коловозот и се превртел.

Возилото го управувал И.Т. (40) од Република Албанија, а тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка С.Т. (69), на кои им била укажана медицинска помош во МЦ „Св. Еразмо“ во Охрид. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1