Connect with us

Останати спортови

Стартуваше главната фаза на Европското првенство во ватерполо

На Европскиот шампионат во ватерполо што се игра во Белград синоќа беше комплетирано првото коло од завршната фаза. Фаворитите не дозволија изненадување, па така продолжува трката за подобра позиција во групите.

Домаќинот Србија ја совлада Франција со 14:10, додека Унгарија беше поуспешна од Холандија со 16:11, додека најубедлива победа оствари Шпанија совладувајќи ја Црна Гора со 14:6.

Унгарија е прва на табелата со 9 бодови, пред Србија со 8, Шпанија има 6, Црна Гора 3, Холандија 1, а Франција е последна без бод во групата Е.

Денеска на програмата се натпреварите од групата Ф: Грузија – Италија, Грција – Турција и Хрватска – Романија.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4