Connect with us

Останати спортови

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале на Европското првенство во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска со синоќешната победа од 17:9 против Романија ги задржа шансите за едно од првите две места во групата Ф на Европското првенство во ватерполо. Хрватите уште на стартот покажаа дека се подготвени за висока победа и ја добија првата четвртина со 5:1.

На прагот на изненадување беше Грузија, која претрпе пораз од два разлика од Италија 14:16, додека во „балканското дерби“ Грција на надигра Турција со 20:8.

Италија и Грција имаат по 9 бодови, Хрватска 6, Романија 3, а Турција и Грузија се без бод.

Денеска на програмата се дуелите од Е групата: Франција – Шпанија, Црна Гора – Холандија и Србија – Унгарија. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2