Свет
Во Франција првпат по Втора светска војна регистрирани повеќе починати од родени
Франција првпат во 2025 година од завршувањето на Втора светска војна забележа повеќе починати отколку родени, со што се поткопува долгогодишната демографска предност во однос на другите земји-членки на Европска Унија.
Националниот институт за статистика (ИНСЕЕ) соопшти дека минатата година регистрирани 651.000 смртни случаи и 645.000 родени, чиј број е во пад од Ковид пандемија,
Стапката на фертилитет во 2025 година се намали на 1,56 деца по жена, што е најниско ниво од Првата светска војна.
И покрај зголемениот број смртни случаи отколку раѓања, бројот на жители на Франција се зголеми на 69,1 милиони минатата година благодарение на миграцијата. ИНСЕЕ проценува дека порастот од миграцијата е 176.000 лице.
Животниот век во Франција изнесува 85,9 години за жените и 80,3 за мажите, додека уделот на луѓето над 65 години се зголеми на 22 проценти.
јануари 14, 2026


