Општини
Трипуновски во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски дeнеска во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата.
„Одржав работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговаравме за предлог програмите за 2026 година. Дискутиравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор“, напиша министерот на Фејсбук.
Тој посочи дека на средбата претставниците на здруженијата ги изнеле своите гледишта и предлози.
„Нивните предлози од страна на Министерството ќе бидат внимателно разгледани при креирањето на идните мерки и политики, што ќе одговорат на реалните потреби на земјоделците и ќе придонесат за развој на земјоделството“, истакна Трипуновски.
јануари 10, 2026


