Connect with us

Култура

НУ Центар за култура-Битола со зимски серијал музички концерти

Центарот за култура-Битола почнува со серијал музички концерти, а првиот ќе биде одржан вечер, најави Сашо Илковски, директор на таа национална установа.

Во големата сала на НУ Центар за култура за вечер е предвиден „Божикен концерт“, а на 24 јануари во Битола ќе гостува хрватскиот уметник и актер Раде Шербеџија, посочи Илковски.

– НУ Центар за култура-Битола како добар домаќин на сите креативни проекти продолжува со ланското темпо. На 24 јануари наш гостин ќе биде Раде Шербеџија кој премиерно ќе изведе нова музичка композиција, а во февруари концерти ќе одржат Сефедин Бајрамов, групата Чоканче и други уметници.

Во пресрет на гостувањето во Битола, актерот Петар Мирчевски на денешната прес конференција потсети на соработката со Шербеџија и настапи во македонски филмови.

– Раде Шербеџија не е само личност, туку тој е институција. Генијален актер, режисер, писател, шансониер, професор, татко, дедо…и од се најмногу, тој е голем човек. Со Раде настапив во „Пред дождот“, потоа во филмот „Анка“, но и во „Трето полувреме“ и во филмот „Ослободување на Скопје“. Раде Шербеџија е еден обичен човек, но мој идеал и затоа од големо значење за културната јавност во Битола е неговото гостување во нашиот град, истакна актерот Петар Мирчевски.

Раде Шербеџија и групата „Западни колодвор“ освен во Битола ќе настапат и во Скопје каде што ќе биде изведена музика од албумот „Кога љубовта ќе умре“.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4