Connect with us

Економија

Со швајцарско искуство до полесно идентификување на потребите на пазарот на труд

Методологија за надградба на вештини на вработените ориентирана кон работното место, базирана на швајцарски искуства, изработија Стопанската комора на Северна Македонија како мост помеѓу компаниите и како главни креатори на потребата од вештини и државните институции како генератор на податоци што служат за понатамошно прогнозирање на потребите од вештини.

Методологијата е базирана на GO Model, развиен од Швајцарската федерација за образование на возрасните (СВЕБ) и се применува повеќе од 20 години во Швајцарија, но и во други земји во Европа и Африка.

Од Стопанската комора информираат дека станува збор за методологија што опфаќа скенирање на работните задачи што се вршат на една работна позиција и нивно преточување во вештини и клучни компетенции за подобро разбирање на потребите на работното место, но и дефинирање нови вештини, кои ќе бидат побарувани во иднина за истото работно место.

– Оваа методологијата има цел да поттикне култура на учење и развој преку систематски пристап, кој ги поврзува индивидуалните и организациските капацитети за градење релевантни вештини, кои одговараат на современите трендови, технички и технолошки аспекти, кои влијаат врз трансформацијата на едно работно место. Дополнително, моделот го олеснува идентификувањето на тековните и идните потреби од вештини на работните места, што претставува јасен индикатор за креаторите на политики поврзани со намалувањето на јазот на пазарот на труд, појаснуваат од Комората. 

За претставување на методологијата организирана е работилница со претставници од менаџментот на компании, но и менаџери на човечки ресурси, а за подобро разбирање на процесите и фазите, во соработка со две компании што се вклучени во реализацијата на дуалното образование беше реализирано и пилотирање на истите кај работодавците за одблиску да се запознаат со начинот на имплементација преку работа на студии на случај на конкретни работни позиции во самите компании. Своите искуства од пилотирањето на методологијата ги споделиле и претставници од секторите за развој на човечки ресурси од компании што се водечки членки на Комората.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5