Connect with us

Хроника

СВР Куманово лиши од слобода две лица, ги нападнале партнерките

СВР Куманово уапси две лица кои ги нападнале нивните партнерки, соопшти денеска полицијата.

Вчера во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(38) од липковско село, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга.

Истиот ден во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода К.К.(20) од Берово затоа што физички ја нападнал неговата девојка.

Двајцата биле приведени во полициските станици и по целосното документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2