Connect with us

Свет

Шведска ќе ја запре помошта за пет држави, а средствата ќе ги пренасочи кон Украина

Шведска наредните години постепено ќе ја укинува помошта за пет земји, а средствата ќе ги искористи за да ја зголеми поддршката за Украина, соопшти денеска шведската Влада.

Како што најави министерот за меѓународен развој и надворешна трговија, Бенџамин Дуса, Шведска планира да ја запре помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија.

– Украина е најважниот надворешнополитички и хуманитарен приоритет на Шведска, и затоа Владата ќе ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди шведски круни (1,06 милијарди долари) во 2026 година, наведе Дуса.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2