Connect with us

Свет

Во Шпанија разбиена криминална мрежа која принудувала мигранти да работат во робовски услови

Шпанската полиција разби криминална мрежа обвинета за принудување на стотици мигранти да работат на фарми во источна Шпанија во нехумани и робовски услови.

Полицијата уапси 11 лица и идентификуваше повеќе од 300 потенцијални жртви, од кои најголемиот број се од Непал. Мигрантите влегле во Шенген зоната со туристички визи пред да бидат однесени во рурални области во шпанските покраини Аликанте, Валенсија и Сарагоса.

Мигрантите живееле во лоши простории, спиеле на подот и плаќале претерани суми за наем, транспорт и храна. Некои работеле 12 часа на ден, а во многу случаи воопшто не биле платени, соопшти полицијата.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3