Connect with us

Скопје

Општина Кисела Вода ги повика заинтересираните да се вклучат во креирањето буџет за 2026 година

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите свои жители, граѓански организации, здруженија, деловни субјекти од овој дел на градот, активно да се вклучат во процесот на креирање на буџетот за 2026 година. Со оваа иницијатива, општината уште еднаш ја потврдува заложбата за транспарентно и отчетно управување, каде реалните потреби на граѓаните се основа за планирање на идниот развој, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.

– Во духот на транспарентно и одговорно работење, како начело по што постојано се водиме, процесот на креирање на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2026 година го отвораме заедно со вас. Ова не е буџет што се создава зад затворени врати. Тој се гради врз вашите реални потреби, идеи, предлози и приоритети. Ве охрабруваме да размислите што навистина недостига во вашата населба или населено место и да го споделите вашето мислење со нас. Нашата цел е секој глас да биде слушнат, секоја потреба препознаена, а секоја вредна идеја, вградена во развојниот план на општината. Вашите мислења и предлози можете да ги доставите од денеска, понеделник – 1 декември,  до петок – 5 декември, по електронска пошта на: zaednodobudjet@kiselavoda.gov.mk. Дополнително, сите граѓани имаат можност своите предлози лично да ги достават во која било од 15-те месни и урбани заедници на територијата на општина Кисела Вода, се појаснува во соопштението.

Се додава дека со секоја идеја, се добива појасна слика за тоа што навистина му е потребно на секој дел од Кисела Вода.

– Ова е можност заедно да покажеме дека нашата општина се развива преку активното учество на граѓаните и дека најдобрите решенија се раѓаат токму од нивниот глас. Заедно создаваме план за подобар живот и повеќе можности за сите, се истакнува во соопштението.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1