Connect with us

Економија

Над 200 компании на утрешниот македонско-српски бизнис форум во Скопје, се очекува потпишување меморандум за соработка

Преку 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од утрешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје, а целта е интензивирање на стопанската соработка, најавија денеска вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ откако ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“. 

Како што изјавија Стоилковиќ и Месаровиќ, потенцијалот за соработка меѓу двете земји е голем, особено во делот на прехранбената индустрија, а тенденцијата е зголемување на размената.

Според нив, на форумот ќе се разговара и за инфраструктурни проекти.

-Целта е српските производи да се најдат во македонските трговски ланци и српските компании во што поголем обем да отвораат погони во Северна Македонија, но и инвеститорите од Северна Македонија да дојдат да инвестираат во Србија и нивните производи да се најдат во српските трговски ланци, да стигнат до крајните потрошувачи. Но, не само производите, тука се и услугите. Не памтиме ваков бизнис форум со преку 200 компании, ниту толку голем интерес. Апсолутно постојат заеднички цели, особено заеднички настап на трети големи пазари согласно спогодбите што Србија ги има склучено со земји како Кина, Египет, Емиратите, државите на ЦЕФТА и ЕФТА, како и со сите останати со кои имаме договори за слобдна трговија, рече Месаровиќ.

Годинава, додаде, Србија и Македонија бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.

-Потенцијалот секогаш лежи таму каде што се ресурсите, а главните ресурси на Македонија се прехранбените производи и тука ќе биде најголемиот фокус на се што ќе се случува понатаму. Зголемувањето на размената главно се должни на храната, но не треба да се заборават и другите гранки. Форумот е преголем, преку 200 компании или најмалку 300 учесници, интересот е голем, дури и денеска стигнуват пријави за учество. Ова е голем економски настан и за Македонија и за Србија. Се очекува и економската соработка да ги следи добрите односи меѓу двете земји. Но, тоа ние мора да го овозможиме, на сите начини да успееме таа соработка да ја подигнеме на повисоко ниво. Пред неколку беше под една милијарда, годинава е 1,4, тежнееме да заврши со 1,5 милијарди и во следните години да достигне две милијарди. Постојат ресурси и серизна намера кои може тоа да го овозможат, ние сме тука да им помагаме на стопанствениците за тоа да се реализира, потенцира Стоилковиќ. 

На утрешниот форум е предвидено и да се потпише меморандум за соработка. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4