Connect with us

Свет

Европол со партнерите од Германија и Швајцарија отстрани нелегален сајт за криптовалути

Во најновата заедничка акција на Европската полициска агенција (Европол) и полициите на Швајцарија и Германија, откриен и отстранет е нелегалниот сајт  Kriptomikser, при што се запленети 25 милиони евра во криптовалути, објави денеска Европол.

Акцијата, што била спроведена од 24 до 28 ноември, се фокусираше на доменот cryptomixer.io, а покрај овој домен, запленети биле и три сервери во Швајцарија, се наведува во соопштението.

За време на операцијата, конфискувани се над 12 терабајти податоци и повеќе од 25 милиони биткоини.

Според извештаите, до Cryptomixer можело да се пристапи и преку регуларен  и преку dark web, а овој сајт овозможувал функционирање на економското подземје и пазарите на темната страница.

Платформата ја користеле кибер криминалците за перење нелегални средства и приходи од низа криминални активности, како што се дрога, оружје, измами со платежни картички и кибер напади.

Според соопштението, откако платформата Cryptomixer била создадена во 2016 година, преку неа поминале трансакции со биткоин во вредност од над 1,3 милијарди евра.

Се додава дека користењето на оваа платформа на клиентите им нуди анонимност, па затоа криминалците ја користеле за перење нелегални средства.

Во текот на целата операција, Европол ја олесни размената на информации во рамките на Заедничката работна група за кибер криминал (J-CAT), која се наоѓа во седиштето на Европската полициска агенција во Хаг.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3