Connect with us

Свет

Фицо го одби барањето на коалицискиот партнер – Мирослав Лајчак останува негов советник

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека нема да го отпушти својот советник и поранешен министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, и покрај притисокот од коалицискиот партнер, Словачката народна партија (СНС), која побара прекин на соработката поради наводната комуникација на Лајчак со американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн.

Фицо ја објави одлуката по враќањето од самитот ЕУ-Африка, истакнувајќи дека е проверена целата достапна кореспонденција и дека не е пронајдено ништо компромитирачки.

„Ги разгледавме сите комуникации. Луѓето можат да имаат различни политички мислења за Лајчак, но за мене тој е исклучителен дипломат со богато искуство и меѓународни контакти. Тој не направил ништо што би барало негово разрешување“, рече Фицо, според словачкиот весник „Новини“.

Во изминатите неколку дена, коалицијата СНС инсистираше на разрешување на Лајчак, осврнувајќи се на медиумските извештаи за неговите наводни контакти со Епштајн.

Лидерот на СНС, Андреј Данко, изјави дека нема да присуствува на состаноците на коалицијата поради овој случај.

По одлуката на Фицо, СНС накратко објави дека „го зел предвид“ ставот на премиерот.

Лајчак, кој според објавената преписка наводно се допишувал со Епштајн, претходно изјави дека контактот бил „исклучиво од социјална природа“ и остро ги осуди постапките на Епштајн.

Коалициската Словачка народна партија (СНС), како и претставници на опозицијата, минатата недела го повикаа словачкиот премиер да ја прекине соработката со Лајчак поради неговите е-мејл комуникации со Епштајн додека тој беше министер за надворешни работи на Словачка од април 2012 до март 2020 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1