Connect with us

Вести

Минчев: Јавната администрација е темелот и крвотокот на државата, нејзината професионализација е приоритет на Владата

Јавната администрација е „темелот и крвотокот на државата“ и нејзината професионализација претставува еден од најважните приоритети на Владата, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на четвртата серија од Генеричките обуки за административни службеници „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор”. 

На јавен настан во Битола,  Министерството ја продолжи својата стратегиска агенда за создавање современа, професионална и европска јавна администрација и го заокружи годишниот процес на генерички обуки, преку кој во 2025 година беа опфатени над илјада јавни службеници од Скопскиот, Полошкиот, Источниот и Пелагонискиот регион. 

-Кога службеникот ќе постапи чесно, љубезно и професионално, граѓанинот не гледа политичка партија, туку држава. Овие обуки не се само дел од реформа, тие се дел од новата култура на јавна служба, култура на отчетност, стручност и достоинство, истакна министерот Минчев.

Пред аудиториумот во Битола, Минчев го поочи и значењето на новиот Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, со кој се воспоставуваат системски основи за вистинска професионализација на јавната административна служба. Клучен столб на овој процес е формирањето на Академијата за јавни службеници, која ќе започне со работа во 2027 година.

-Академијата ќе биде куќа на знаењето, лабораторија на идеи, универзитет на практиката. Тоа е модел што ја носи Македонија чекор поблиску до европските стандарди. Исто така, значаен дел од реформската агенда ќе биде и Законот за висока раководна служба, со кој ќе се воспостави професионален, стабилен и деполитизиран управувачки кадар. Овој закон е гарант на институционална зрелост. Тоа е крај на партизацијата во раководењето и почеток на нова ера на стабилно, транспарентно и професионално управување, посочи министерот Минчев на четвртата серија од Генеричките обуки за административни службеници „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор” што се одржа во Битола.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1