Connect with us

Забава

Автопортрет на Фрида Кало оди на аукција за 40 – 60 милиони долари

Автопортретот на мексиканската уметница Фрида Кало од 1940 година, „El sueño (La cama)“ (Сон (Кревет)), ќе биде понуден на наддавање во американската аукциска куќа „Сотби’с“ во Њујорк со првично проценета вредност од 40 – 60 милиони долари (35 – 52 милиони евра). Тоа може да го сруши рекордот за најскапо дело од жена-уметник продадено на аукција, според познавачите.

Сегашниот рекорд го држи сликата „Џимсон Вид / Бел цвет бр. 1“ на Џорџија О’Киф, којашто беше продадена за 44,4 милиони долари (38,55 милиони евра) во 2014 година, додека највисоката цена на аукција за Кало досега беше 34,9 милиони долари (30,3 милиони евра) за „Диего и јас“, продадена 2021 година.

Во „Ел суењо“, сликарката спие во дрвен кревет во колонијален стил, завиткана во златно ќебе, со скелет насликан над неа. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4