Connect with us

Фудбал

Марота: Изненаден сум зашто луѓето се чудат колку е добар Киву

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, ја пофали работата на главниот тренер на Интер, Кристијан Киву.

– Изненаден сум од зачуденоста на луѓето колку е добар Киву. Го избравме поради вредностите што ги поседува и имавме храброст да одиме против медиумскиот бран. Некои го споменаа Мурињо како можна замена, но со сето должно почитување, ако немав таа храброст, ќе зажалев, го цитира Марота „Тутомеркатовеб“.

Романскиот тренер го презеде тимот во лето. По 11 натпревари, Интер е на врвот на табелата во Серија А со 24 бода, колку што има и второпласираната Рома. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2