Connect with us

Општини

Велес одбележува 81 година од ослободувањето на градот

Со положување цвеќе  пред бистите на народните херои од Народноослободителната војна  во Младинскиот парк и пред Спомен костурницата од НОВ, Општина Велес денеска одбележува 81 година од 9 Ноември 1944 година кога е ослободен градот.

Цвеќе положија делегација од Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, делегација од Командата за обука и доктрина при велешката касарна, претставници на институции, политички партии и членови на семејствата на загинатите борци од НОВ.

Програмата продолжува вечерва со свечена академија во 19 часот во Театарот во Велес кога ќе бидат врачени наградите и признанијата, наградата за животно дело „Гемиџии“ и наградата за најстудент „Ѓорѓи Шоптрајанов“.

Програмата ќе биде збогатена и со концерт на „Битолски камерен оркестар“ со солистите Андријана Јаневска, Никола Перевски –Пере од „Нокаут“, како и  Ана Петановска, Димитар Андоновски и Полина Тасева.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3