Connect with us

Фудбал

Проблеми за Флик и Барселона пред дуелот со Реал Мадрид

Лоши вести за Барселона и тренерот Фанси Флик во пресрет на неделниот дерби дуел со Реал Мадрид. По денешниот тренинг шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот Рафиња нема да биде на располагање.

Тој поради повреда надвор од теренот е веќе еден месец и се очекуваше негово враќање за „Ел Класико“. Очекувањата беа Рафиња од четврток да биде на располагање, но 28-годишниот играч на тренингот почувстувал болки и го напуштил тренингот. 

Тренерот Флик нема да може да смета на неделниот дуел на Тер Штеген, Гарсија, Гави, Дани Олмо и Левандовски. Неизвесно е и дали Флик ќе биде на клупата по казната од еден натпревар и одбиената жалба на Барселона, во негово отсуство екипата ќе ја води Тиаго Алкантара (еден од асистентите).

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг