Connect with us

Свет

Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за проекти за метрото во Њујорк

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекина издвојувањето на 18 милијарди долари наменети за изградба на железнички тунел под реката Хадсон и проширувањето на метро линијата „Секонд Авени“ во Њујорк, поради прекин на финансирањето на сојузните институции.

Соединетите Американски Држави влегоа во период на неизвесност откако Трамп и Конгресот не постигнаа договор за продолжување на финансирањето на државните програми до истекот на рокот денеска.

Се очекува околу 750.000 сојузни службеници да бидат испратени на приуден одмор, додека дел од нив би можеле да бидат трајно отпуштени.