Connect with us

Вести

20 граѓани, дел од движењето „Ниту една повеќе“ оддржа протест пред Собрание

Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и мноигу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третман од институциите.

Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.

– Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот.

На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.

Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.