Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бранејќи ја Данела Арсовска докажа дека се заедно и координирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ

СДС денес го достигна пикот, бранејќи ја Данела Арсовска со што докажа дека се заедно и дека се прават смислено и заеднички координирано, сега го нападнаа ВМРО-ДПМНЕ дека оставало ѓубре пред куќите на луѓето, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Има едно прашање кое се поставува на вакви глупости, а кое веднаш ги разобличува: Зошто? Зошто ВМРО-ДПМНЕ би го правело тоа пред убедлива победа на локални избори?

Истовремено, овие прес-конференции освен што го констатираат простотилакот на оние кои ги прават, демонстрираат и отуѓеност и го покажуваат вистинското лице на СДС и тоа до каде им оди умот на овие луѓе, за кои нема ништо свето и кои никогаш не се менуваат.