Останати спортови
Италија и Турција финалистки на Светското првенство во одбојка

Репрезентациите на Италија и на Турција ќе играат во финалето на Светското првенство во одбојка за жени. Во драматично полуфинале кое тареше повеќе од 2,5 часа олимпискиот шампион Италија со 3:2 во сетови (22:25; 25:22; 28:30; 25:22 и 15:13). Во решавачкиот сет двете репрезентации се менуваа во водството, а победата им припадна на одбојкарките на Италија.
Во првото полуфинале Турција ја победи Јапонија со 3:1 (16:25; 25:17; 25:18 и 27:25). Првиот сет го добија одбојкарките на Јапонија, но тоа не беше пречка за турските одбојкарки да направат пресврт и четвртиот сет да го добијат на разлика.
Утре во малото финале ќе играат Јапонија – Бразил, а во дуелот за златото Турција – Италија.
септември 7, 2025