Connect with us

Фудбал

Кристал Палас го договори трансферот на Пино од Виљареал

Англискиот прволигаш Кристал Палас постигна начелен договор со Виљареал за трансфер на шпанскиот крилен играч Џереми Пино, чија вредност би можела да достигне 26 милиони фунти, објави денеска Би-Би-Си.

Дваесет и двегодишниот Пино треба да мине задолжителните медицински прегледи во следните неколку денови. И покрај тоа што има откупна клаузула од 69 милиони фунти, Виљареал се согласи на понудата на Палас со помалку од две години преостанати од неговиот договор.

Трансферот на Пино доаѓа откако англискиот напаѓач Еберечи Езе се пресели од Кристал Палас во Арсенал за 60 милиони фунти минатата недела.