Connect with us

Регион

Дојави за бомби во голем број училишта во Србија

Дојави за бомби се испратени во училишта во Србија и во тек се проверки, јавија белградските медиуми.

Во најмалку пет училишта во Белград се примени дојави за бомби додека во Нови Сад има две дојави за бомби во школи.

Дојави за бомби пристигнале и во осум основни училишта во Лесковац, јави Бета.

Полициски екипи во моментов вршат проверки во просториите на училиштата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1