Свет
Британски министер за здравство: Го променив мислењето за транс жените
Британскиот министер за здравство Џејмс Мареј изјави дека го променил ставот за родовиот идентитет, потврдувајќи дека повеќе не смета дека трансродовите жени се жени и оти ја поддржува заштитата на просторите наменети исклучиво за жени врз основа на биолошкиот пол.
– Би ја променил формулацијата. Не би ја користел повеќе таа фраза. Во текот на последните неколку години многумина од нас, вклучувајќи ме и мене, детално размислија за ова прашање – рече Мареј за Би-Би-Си Радио 4.
Тој наведе дека ја прифаќа разликата меѓу полот и родот. Мареј, кој минатиот месец го наследи Вес Стритинг на челото на Министерството за здравство, претходно имаше изјавено дека под поимот жена подразбира „возрасна женска личност и трансродови жени“.
јуни 2, 2026
