Connect with us

Свет

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека „се додека дише“ ќе работи за својата земја, демантирајќи ги со тоа информациите за наводна оставка.

Пезешкијан, според иранските државни медиуми, изјавил дека ќе продолжи со своите обврски.

„Или ќе продолжиме силно, или ќе бидеме маченици“, рекол тој нагласувајќи дека и во двата случаи тоа претставува „победа“.

Тој додал дека неговиот живот не е повреден од животот на „мачениците на Исламската револуција“, меѓу кои го споменал и врховниот лидер Али Хамнеи, повикувајќи на присуство „на терен“ и решавање на проблемите.

Изјавите следуваат неколку часа по медиумски извештаи дека претседателот наводно испратил писмо со барање за повлекување од функцијата, што иранските власти веднаш го демантираа.

Портпаролката на Владата, Фатеме Мохаџерани, изјави дека таквите тврдења се субверзивни активности насочени кон создавање нестабилност и ширење сомнеж кај јавноста.

Дека целосно неточни се информациите за оставка на претседателот изјави и шефот на Иранскиот медиумски совет, Елиас Хазрати, кој истакна дека Пезешкијан е активно вклучен во водењето на државните работи.

„По којзнае кој пат во последните неколку месеци, некои странски медиуми и мрежи поврзани со нив покренаа гласина за оставка на претседателот, која нема никаква врска со реалноста и која и во минатото повеќепати беше демантирана“, изјави Хазрати.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1