Регион
Форум во Тирана: Зајакнување на трансатлантското партнерство, со клучна улога на НАТО
Зајакнувањето на трансатлантското партнерство и преминот од зависност кон вистински стратешки сојуз на САД и Европа, со клучна улога на НАТО, се главните заклучоци на Безбедносен форум одржан во Тирана, на кој учествуваа високи претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ.
На дводневниот Форум, одржан под покровителство на претседателот на албанското собрание Нико Пелеши, присуствуваа потпретседателот на ПС на ОБСЕ, Еугенио Зофили, потпретседателката на Комисијата за политички прашања и безбедност Јевросима Пејовиќ, поранешниот министер за одбрана на Албанија Фатмир Медију и други функционери.
Зборувајќи за односите со САД и улогата на НАТО, Пелеши ја истакнал посветеноста на Албанија како сигурен сојузник во Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната, модернизација на воените капацитети и зајакнување на сајбер безбедноста.
Во овој контекст, тој нагласил дека Албанија се подготвува да биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година во Тирана, првиот самит на Алијансата во Западен Балкан, нарекувајќи го „историски момент за Албанија и регионот”.
Зофили ја нагласил важноста на парламентарната дипломатија во градењето мир и доверба, додека Пејовиќ ја нагласи регионалната соработка и заедничкото набавување оружје како клуч за зајакнување на безбедноста.
Поранешниот министер за одбрана, Медиу, изјави за медиумите дека трансатлантските односи мора да еволуираат во вистинско стратешко партнерство засновано на заеднички интереси и ризици.
На форумот учествуваа и американскиот конгресмен Роберт Адерхолт и поранешниот претседател на ПС на ОБСЕ, Џорџ Церетели.
мај 30, 2026
