Connect with us

Свет

Бесент: САД ќе воведат мерки против иранските авиокомпании

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека САД ќе им го одбијат пристапот на иранските авиокомпании до местата за слетување и ќе воведат други мерки, како дел од зголемениот притисок врз Техеран и напорите за зголемување на контролата врз Ормуската Теснина.

Бесент на Икс напиша дека Вашингтон ќе им го прекине пристапот на иранските авиокомпании до слотови на аеродромите, услугите за полнење гориво и продажбата на билети, без да даде детали, објави Си-ен-ен.

„Само задоволителен исход од преговорите може да го запре овој негативен тренд“, предупреди тој.

Бесент не прецизираше за кои авиокомпании се однесуваат мерките, иако Стејт департментот претходно го означи иранскиот национален авиопревозник „Иран Ер“, додека авиокомпанијата „Махан Ер“ е веќе под санкции на САД.

На синоќешната прес-конференцијата американскиот министер појасни дека САД нема да го ограничат движењето од религиозни причини, па затоа на иранските граѓани ќе им биде дозволено да патуваат во Мека или Медина за аџилак.

„Исто така, ќе дозволиме патување од оправдани хуманитарни причини“, рече Бесент.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1