Connect with us

Свет

Чешката влада предлага построги правила за украинските бегалци

Чешката влада денеска одобри измена на законот со која ќе се заострат правилата за престој и финансиска поддршка за украинските бегалци, наведувајќи дека на тој начин реагира на злоупотребата на помошта и на перцепцијата според која бегалците во некои погледи имаат предност во однос на локалното население.

Земјата со повеќе од десет милиони жители прими 385.000 украински бегалци, изјави министерот за внатрешни работи Лубомир Метнар на прес-конференција.

Според податоците на ЕУ, Чешка е домаќин на најголемиот број украински бегалци по глава на жител во Европската Унија.

Метнар рече дека целта на владата е да ги заостри правилата кога станува збор за хуманитарната помош и дозволите за престој во земјата, со цел да се исклучат оние кои не живеат таму континуирано. Ќе се укине и исклучокот според кој украинските автомобили беа ослободени од технички прегледи.

Предлозите треба да добијат одобрение од парламентот.

Метнар исто така рече се дека во расправите во Европската Унија за продолжување на заштитата на бегалците по март 2027 година, треба да се вклучат и предлози за намалување на заштитата, што би овозможило од програмата да се исклучат воено способните мажи, со оглед на недостигот на воен персонал во Украина и на луѓе достапни за работа на обновата. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1