Connect with us

Свет

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина

Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина.

Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони.

Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека нападот врз престолнината трае веќе неколку часа, а војската преку Телеграм ги повика жителите да останат во засолништата до повлекување на тревогата.

Според информациите на градоначалникот Виталиј Кличко, погодена е најмалку една станбена зграда, при што загина едно лице. Кличко додаде дека избувнал пожар на вториот кат од училиште во Шевченковскиот реон, а претходно уште еден удар во близина на друго училиште предизвикал урнатини кои го блокирале влезот во засолништето каде биле сокриени локалните жители.

Ad
Ad